Деталниот преглед на резултатите од регионалниот креативен натпревар BalCannes 2024, насловен како „Мозаик на креативноста“, опфаќа низа регионални рангирања со податоци за најдобрите проекти, огласувачи и агенции во регионот, но и во рамките на земјите натпреварувачки: Македонија, Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина.
Агенциите од посочените држави имаа можност да се натпреваруваат во 17 категории, и тоа за кампањи спроведени во текот на двегодишен квалификациски период, со можност за освојување на златна, сребрена или бронзена награда. Согласно постигнатите резултати на BalCannes 2024, во продолжение ги разгледуваме најдобрите креативни агенции по поединечни земји, почнувајќи од Македонија.
Топ 3 агенции од Македонија
- McCann Skopje
- Saatchi & Saatchi Skopje
- AdValue
Топ 3 агенции од Хрватска
- Imago Ogilvy
- Bruketa&Žinić&Grey
- CTA komunikacije и Studio Tumpić/Prenc (на делба на третото место)
Топ 3 агенции од Словенија
- Agencija 101
- Futura DDB
- AV STUDIO
Топ 3 агенции од Србија
- Jazavac i Utorak
- Ovation BBDO
- Leo Burnett Belgrade
Топ 3 агенции од Босна и Херцеговина
- Via Media
- MITA group
- (нема)
Извештајот на BalCannes има за цел креативно обединување на регионот и поттикнување здрава конкуренција, размена на знаења и искуства, како и отворање на регионални хоризонти, наметнувајќи се како вистински мозаик на креативноста и огледало на актуелните текови на регионалната комуникациска сцена. Истиот може во целост да се преземе на следниот ЛИНК.
Следното издание на BalCannes ќе се одржи во рамки на фестивалот „Денови на комуникациите“, закажан за периодот од 15 до 18 мај 2025 година во хрватскиот град Ровињ.