Викендов позади нас, во склоп на Weekend Media Festival за првпат се одржа настанот “SoMo Борец“ кој имаше за цел да ги презентира најдобрите проекти/кампањи од областа на социјалните мрежи и мобилната технологија во регионот.
Проектите беа оценувани од страна на меѓународно жири составено од експерти во социјалните мрежи и мобилни апликации. Од Македонија претставник во жирито беше Филип Арсов ( @FilipArsov ) од Synapse.
Еве ги победниците од преку 100 пријави во 11 категории:
- Најдобра Facebook fan страна: Doncafe Ljubitelji Kafe (Executive Group)
- Најдобра мобилна апликациа: Erste mobilno bankarstvo (Infinum);
- Микс на социјалните мрежи: Kraš (DRAP);
- Најдобар блог: Neuralab;
- Најдобро веб видео – Venčanje (Flash mob, Belgrade Pride, Webtise);
- Најдобар Twitter профил– HBO Adria (Jasno i Glasno);
- Најдобра мобилна web страна: Transparentno.hr (Financijska agencija i Vingd);
- Најдобар Instagram профил: Colours of Istria (Klaster sjeverozapadne Istre, Jasno i Glasno);
- Најдобра мобилна кампања: Grawe (Brlog);
- Најдобар таблет магазин: 3Dmag (Jasno i Glasno)
- Community менаџер/ка на годдината : Mila Perović za HBO Adria (Jasno i Glasno);