За време на одржувањето на меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions, организациите LIONS, WARC и The Effectiveness Partnership ги претставија резултатите од новото глобално истражување за „Маркетинг предизвици“ за 2023 година – испитувајќи што мисли глобалната маркетинг индустрија за предизвиците со кои се соочува и што треба да се направи за справување со нив.
Клучните наоди од истражувањето беа анализирани во разговор помеѓу Гурдип Пури, основачки партнер во The Effectiveness Partnership, и Дејвид Тилтман, потпретседател за содржини при WARC.
Како највпечатлив од резултатите беше издвоен фактот дека 75% од анкетираните маркетери сметаат дека „секогаш“ или „често“ е предизвик да се поврзе креативноста со комерцијалниот поврат, додека 92% сметаат дека тоа е барем „понекогаш тешко“.
Според авторот на извештајот, Ворвик Кернс, стратег во The Effectiveness Partnership: „Тоа ја става нашата индустрија во голема неповолна положба кога станува збор за изнесување на случајот пред одборот на директори за континуирано инвестирање во тешки економски времиња“.
Други клучни наоди на извештајот покажуваат дека:
– Маркетинг ефективноста била наведена од 64% од испитаниците како главен предизвик, веднаш зад економската несигурност која ја навеле 72% од испитаниците.
– 80% од маркетерите препозаваат пет главни предизвици во развојот на креативната стратегија, при што убедувањето на генералните директори во предложените планови се рангира како најпредизвикувачки момент, наведен од 83% од испитаниците.
– Над 80% од анкетираните маркетери се мачат да евалуираат огромни количини на некомпатибилни податоци.
– Употребата на комуникациски канали е силно поврзана со способноста за пресметување на повратот на инвестиции, со јасна и силна можност да се прошири улогата на мерењето.
Целосниот извештај за „Маркетинг предизвици во 2023“ може бесплатно да се симне на следниот линк.