Компанијата Валикон, веќе 10 години редовно ја мери јачината на брендовите за широка потрошувачка (FMCG – Fast-moving Consumer Goods) на Ex-Yu пазарите, годишно публикувајќи ранг-листи и трендови во развојот за брендовите кои се присутни во регионот.
Во недостаток на други локални истражувања за вредноста на македонските брендови за широка потрошувачка, ранкинзите на Валикон се наметнуваат како најрелевантни за оваа тема.
За годинава што изминува топ 25 регионални брендови се:
Како што може да се види од табелата, во првите 25 регионални брендови нема ниту еден македонски бренд а на листата покрај глобалните брендови најмногу доминираат оние од Словенија и Србија.
Меѓутоа ако земеме да анализираме кои се 5-те најјаки брендови во секоја пооделна земја од регионот, ранкингот е следниов:
Од оваа табела може да се забележи дека во Македонија најјак бренд е Аргета на Дрога Колинска (SLO) а од домашните производители најдобро котира прилепска Витаминка со својот бренд “Стоби Флипс“, следен од “Кристал Маргарин“ на ПИ “Благој Ѓорев“ и “Пелистерка минерална вода“ на АД Пелистерка.
Вредноста на брендот или brand equity во маркетинг светот се мери на повеќе начини и постојат повеќе различни методологии, но 4 главни елементи кои се неодминливи се следниве :
– Препознатливоста на Брендот,
– Лојалноста на купувачите,
– Перцепираниот квалитет,
– Асоцијациите врзани за брендот.
Повеќе за овогодинешните резултати од Валикон, методологијата и трендовите во развојот на брендовите присутни во регионов, можете да прочитате на следниов ЛИНК.