Благодарение на Гемиус, една од најголемите светски компании за online истражувања присутна во повеќе од 30 земји од светот, од неодамна и во Македонија, имаме можност да вршиме компарација на разни статистички параметри за македонски портали кои се вклучени во мерењето (по моја слободна проценка: вклучени се речиси сите најпопуларни мак. портали), а кои можат да ни бидат од корист при изготвувањето на нашите медиа планови.
Денеска како пост, а понатаму и како виџет на порталов, ќе Ви ги претставиме 20-те нај македонски веб портали рангирани по неколку параметри.
Прв параметар по кој ќе го вршиме рангирањето на веб сајтовите ќе биде Visitors (Real Users) – односно вистински корисници, кој претставува број на луѓе (не компјутери или кукис) кои барем еднаш во мониторираниот период (Јули 2013) посетиле најмалку една страна од мониторираниот веб сајт.
Втор параметар по кој ќе го вршиме рангирањето ќе биде Page Views – т.е. бројот на прикажани страни од еден веб сајт во рамки на пребарувачот на посетителот.
Трет параметар по кој ќе ги рангираме веб сајтовите за месец Јули 2013 ќе биде според Reach т.е. според процентот на посетители (real users) кои погледнале најмалу една веб страна од веб сајтот за определеното мониторирано време споредено со вкупниот број на активни интернет корисници во истиот временски период.
Повеќе информации за методологијата и рангирањето можете да видите на http://www.audience.mk/ од каде овие податоци се преземени и каде месечно се објавуваат најновите извештаи за ранкингот по овие параметри.
Овие метрики се само еден мал индикатор, една мала помош плус, при изборот на веб медиум кој е најпогоден за вклучување во медиа планот за следната кампања на нашиот клиент, но секако тие неможат да ни бидат одлучувачки бидејќи е неразумно во предвид да не се земе дополнителна анализа на содржината на веб медиумите и кредибилитетот кој таа го има кај нашата целна публика.
Во иднина планираме на порталот повеќе внимание да посветиме на објаснување и анализа на маркетинг метриките, па секој дополнителен придонес е добредојден :) :)