Компанијата Валикон која веќе 13 години ја истражува јачината на FMCG брендовите на просторот на поранешна Југославија, откако пред некој месец го објави топ 25 ракнигот на најсилни брендови во регионот за кој веќе пишувавме, деновиве ја објави и листата на најјаки брендови по одредени земји.
Во Македонија првото место на најјак бренд го држи регионалниот “Аргета“, второто место му припаѓа на глобалниот бренд “Милка“ а третото место му припаѓа на топ домашниот бренд “Стоби Флипс“ на Витаминка.
По нив, на листата од топ 10 следуваат: “Вегета“, “Кока-Кола“, “Орбит“, “Битолски јогурт“, “Пелистерка“, “Нескафе“ и “Пепси“.
Како што може да се забележи од листата, во топ 10 најјаки брендови во Македонија само 3 се домашни, па ранкингот на најсилните македонски брендови во Македонија за 2015 година, според истражувањето на Валикон, би изгледал вака:
1- Стоби Флипс
2- Битолски јогурт
3-Пелистерка
Ранкинот на топ 10 најјаки брендови кај останатите земји од поранешна Југославија изгледа вака:
Од овие ранг листи можат да се извлечат неколку занимливости:
- Милка и Кока-кола се двата бренда кои влегуваат во топ 10 листата во сите земји од регионот.
- Србија и Хрватска “не увезуваат“ регионални брендови, на топ 10 листите кај двете најголеми земји од регионот има само домашни и глобални брендови.
- Хрватска е “најголем извозник“ на топ брендови во регионот. Во четири случаи Хрватските брендови се меѓу најјаките 10 во другите земји (Вегета во Македонија и БиХ и Цедевита во БиХ и Словенија).
- Босна и Херцеговина е “најголем увозник“ на регионални брендови. Дури пет брендови од најјаките 10 таму потекнуваат од регионот (два хрватски – Цедевита и Вегета, два српски – Смоки и Јафа и еден словенечки – Аргета).
- Македонија е “најголем увозник“ на глобални брендови. На топ 10 листата, дури 5 брендови се глобални (Кока-кола, Милка, Орбит, Нескафе и Пепси).