Компанијата Валикон, веќе 12 години редовно ја мери јачината на брендовите за широка потрошувачка (FMCG – Fast-moving Consumer Goods) на Ex-Yu пазарите, годишно публикувајќи ранг-листи и трендови во развојот за брендовите кои се присутни во регионот.
Во недостаток на други локални истражувања за вредноста на македонските брендови за широка потрошувачка, ранкинзите на Валикон се наметнуваат како најрелевантни за оваа тема.
За 2014 година топ 25 најјаки регионални брендови се:
Како што може да се види од табелата, во првите 25 регионални брендови, исто како и во резултатите од минатогодишното истражување, нема ниту еден македонски бренд а на листата покрај глобалните брендови најмногу доминираат оние од Словенија и Србија.
Меѓутоа ако земеме да анализираме кои се 5-те најјаки брендови во секоја пооделна земја од регионот, ранкингот е следниов:
Од таблицата погоре може да се забележи дена најсилен бренд во Македонија е Аргета, а во топ 5 ранкингот домашните брендови се застапени на второтo место и тоа брендот на АД Витаминка “Стоби Флипс“ и на петото место “Пелистерка“. Топ 5 листата ја надополнуваат уште и Кока-Кола (3-то рангиран бренд во Македонија) и Милка (4-то рангиран бренд во Македонија).
Од овој преглед можеме да извлечеме заклучок дека според методологијата и истражувањето на Валикон, најсилни македонски брендови во Македонија, за 2014 година, се Стоби Флипс и Пелистерка.
Еден куриозитет од последново истражување е тоа што Словенија е единствената земја од регионов каде Кока-Кола не се пласира меѓу најјаките 5 брендови во земјата.
Вредноста на брендот или brand equity во маркетинг светот се мери на повеќе начини и постојат повеќе различни методологии, но 4 главни елементи кои се неодминливи се следниве :
– Препознатливоста на Брендот,
– Лојалноста на купувачите,
– Перцепираниот квалитет,
– Асоцијациите врзани за брендот.
Повеќе за овогодинешните резултати од Валикон, методологијата и трендовите во развојот на брендовите присутни во регионов, можете да прочитате на следниов ЛИНК.