Консултантската куќа Interbrand која работи во рамките на американската Omnikom Група, ја објави листата со најмоќни брендови за 2019 година.
Листата откри дека втора година по ред луксузот и модата се секторот кој најбрзо се развива и ја надминува дури и технологијата со просечна стапка на раст од 11%.
Утврдено е дека заедничката вредност на TOP 9 луксузни модни компании е речиси 117,784 милијарди долари.
Најпопуларен и најмоќен луксузен бренд во светот е Louis Vuitton, со проценета вредност од 32,223 милијарди долари и раст од 14% во однос на минатата година. Покрај него, Gucci е најбрзо растечки луксузен бренд во светот со стапка на раст од 23%.
Еве ја листата со брендовите кои доминирале во луксузниот сектор минатата година:
9.Prada – проценетата вредност на брендот е 4.781 милијарди долари. Овој бренд се најде на 100 место на вкупната листа на најдобри светски брендови во 2019 година во сите индустрии.
8.Burberry – проценетата вреднот на брендот е 5,205 милијарди долари и забележан раст од 4%. Овој бренд се најде на 96 место на листата на најдобри светски брендови во 2019 година во сите индустрии.
7.Tiffany & Co. – го зазеде 94 место на листата на најдобри светски брендови во 2019 година во сите индустрии. Има проценета вредност од 5,335 милијарди долари, но и стапка на раст од -5% во споредба со вредноста на компанијата во 2018 година, кога беше на 83 место меѓу сите светски брендови.
6.Dior –кој оваа годинава беше на 82 место меѓу сите светски брендови во сите сектори, има проценета вредност од 6.045 милијарди долари и остварен раст од 16%.
5.Cartier – иако Cartier падна за едно место во вкупниот ранг ( од 67 место во 2018 на 68 место оваа година), растот на компанијата не опадна. Проценетата вреднот на брендот е 8,192 милијарди долари со стапка на раст од 7%.
4.Gucci – 33-ти највреден бренд во светот во сите сектори со проценета врендост од 15,949 милијарди долари и забележан раст од 23%, што го прави најбрзо растечки луксузен бренд.
3.Hermès – го зазеде 28 место на вкупната листа на највредни светски брендови со проценета вредност од 17,92 милијарди долари и раст од 9%.
2.Chanel – број 22 на ранг листата со највредни брендови во светот, проценета вредност од 22,134 милијарди долари и раст од 11%.
1.Louis Vuitton – проценетата вредност на брендот е 32,223 милијарди долари со раст од 14%. Поради тоа Louis Vuitton е највреден луксузен бренд во светот, а воедно 17 највреден бренд во светот во сите сектори.