Консултантската компанија Brand Finance, специјализирана за вреднување на глобалните брендови, ја објави својата листа на Топ 100 највредни технолошки брендови во светот, како и поспецифичните листи за највредни брендови во сферата на електрониката, софтверот и полуспроводниците.
На првите пет места на листата на највредни технолошки брендови во светот се наоѓаат американски компании. Листата ја предводи Apple со вредност од над 355.1 милијарди долари. Втор највреден технолошки бренд е Amazon со над 350.3 милијарди долари, додека пак на третата позиција се наоѓа Google со вредност од над 263.4 милијарди долари.
На четвртата и петтата позиција се наоѓаат Microsoft и Facebook, со вредност од 184.2 милијарди долари, односно 101.2 милијарди долари, соодветно. На шестата позиција се наоѓа јужнокорејскиот Samsung, со вредност од над 89.2 милијарди долари.
Листата на Топ 10 највредни технолошки брендови во светот ја комплетираат четири компании од Кина: Huawei (71.2 милијарди долари), We Chat (62.3 милијарди долари), TikTok/Douyin (59 милијарди долари) и Taobao (53.8 милијарди долари).
Највредните 10 брендови во сферата на електрониката и уредите се: Apple (САД, 355.1 милј. дол.), Samsung (Јужна Кореја, 89.2 милј. дол.), Huawei (Кина, 71.2 милј. дол.), Dell Technologies (САД, 22.2 милј. дол.), LG (Јужна Кореја, 20.8 милј. дол.), Sony (Јапонија, 19.8 милј. дол.), Midea (Кина, 10.5 милј. дол.), HP (САД, 10.1 милј. дол.), Xiaomi (Кина, 9.9 милј. дол.) и Panasonic (Јапонија, 8.8 милј. дол.).
Највредните 10 брендови во сферата на софтверот се: Microsoft (САД, 184.2 милј. дол.), Oracle (САД, 29.1 милј. дол.), SAP (Германија, 18.3 милј. дол.), Salesforce (САД, 17.9 милј. дол.), Adobe (САД, 14.1 милј. дол.), VMware (САД, 7 милј. дол.), ServiceNow (САД, 5.2 милј. дол.), Constellation Software (Канада, 4 милј. дол.), Intuit QuickBooks (САД, 3.8 милј. дол.) и Red Hat (САД, 3.7 милј. дол.).
Највредните 10 брендови во сферата на полуспроводниците се: Intel (САД, 25.6 милј. дол.), TSMC (Тајван, 20.5 милј. дол.), Nvidia (САД, 16.1 милј. дол.), SK hynix (Јужна Кореја, 9.4 милј. дол.), Qualcomm (САД, 7.8 милј. дол.), Broadcom (САД, 6.4 милј. дол.), Micron (САД, 6.3 милј. дол.), AMD (САД, 6.1 милј. дол.), ASML (Холандија, 5.9 милј. дол.) и Texas Instruments (САД, 4.4 милј. дол.).