LinkedIn во моментов е најдобрата професионална платформа, а со повеќе од 500 милиони профили, ова е и место каде што менаџерите и работодавците ќе ги најдат своите нови вработени, фриленсери, продавачи и сл. Предизвикот е да се истакнете (од оправдани причини) во морето на професионалци со исти вештини како што имате и вие. Зошто некои луѓе добиваат многу прегледи на профилот, повици за поврзување и пораки од работодавци заинтересирани да ги ангажираат? Одговорот е дека тие инвестираат време и енергија во создавање на добар профил на LinkedIn.
Секоја социјална мрежа има некои непишани правила, па и LinkedIn не е исклучок. Непридржувањето кон овие правила може да штети на вашиот кредибилитет на платформата и во оваа прилика издвоивме осум работи кои треба да ги направите на LinkedIn:
- Не ставајте “активно барање на работа” на вашиот профил – Покрај тоа што испраќате порака дека сте очајни, истражувањата покажуваат дека регрутите имаат предрасуди спрема невработените, што е и пораката што ја праќате кога тоа го објавувате јавно.
- Не пишувајте за себе во трето лице – Пишувањето на вашиот профил во трето лице е најбрзиот начин да бидете окарактеризиризирани како недопирливи, егоистични и суетни.
- Користете ја вистинската терминологија – Алгоритмот за пребарување на LinkedIn е фокусиран на клучните зборови. Треба да водите сметка за тоа кои вештини ги внесувате во вашиот профил и со тоа да го зголемите бројот на прикажување на вашиот профил во резултатите од пребарувањето.
- Вклучете го тајниот прекидач – Постои поставка за приватност која сега е достапна на LinkedIn која ви овозможува тајно да ги информирате компаниите дека сте отворени за нови можности за вработување. Дали некогаш сте се запрашале како некои луѓе одат на интервју за работа без објавен оглас? Сега знаете.
- Ставете добра слика на профилот – Велат дека “сликата вреди повеќе од 1.000 зборови”, а на LinkedIn, ова е особено точно. Премногу луѓе грешат при изборот на профилната слика за LinkedIn и со тоа пропуштаат многу прилики.
- Не праќајте лоши барања за поврзување – Ако некогаш сте биле “ghosted” на LinkedIn, тогаш веројатно сте ги прекршиле правилата за ангажирање со непознати на LinkedIn.
- Обидете се редовно да ја ажурирате вашата историја на работа – Според регрутерите за вработување, единственото место на кое би требало резимето и LinkedIn профилот да бидат идентични е делот на историјата на работа. Во спротивно, ќе се претпоставува дека само сакате да ги залажете регрутерите.
- Не се поврзувајте со другите во понеделник – Студиите покажуваат дека понеделник е најлошиот ден во неделата за поврзување со луѓето. Почекајте до петок кога луѓето најверојатно реагираат позитивно.
Третирајте го LinkedIn како веб страница каде што се претставувате себеси како производ што сакате да го продадете. Денес секоја работа е привремена и сите ние сме “човек- компанија”, која треба да биде стратешки настоена при планирање на кариерата. Ако ги сакате најдобрите можности за работа и за да останете вработен, мора доследно да се промовирате, а LinkedIn е идеално место за тоа. Но, доколку не го користите правилно, тоа може да ве чини. Како што вели Ј. Т. O’Donnell, основач и извршен директор на компанијата Work It Daily, “Направи бренд или биди брендиран”. Непревземањето контрола над пораката која ја испраќате на LinkedIn не е паметно. Тоа може да ве доведе до ситуација да изгледате како некој што нема доволно знаење во областа на технологијата, нема никакви достигнувања или има нешто да скрие. Без разлика дали ви се допаѓа или не, LinkedIn е сега неопходен дел од правилното управување со кариерата.