На врвот на листата на најуспешни на Инстаграм се наоѓа познатиот глумец Двејн Џонсон
Не е тајна дека познатите личности на Инстаграм заработуваат милиони на спонзорирани постови во кои рекламираат производи на различни компании.
На врвот на листата на успешни на Инстаграм е познатиот актер Двејн Џонсон, а она што го издвојува е цифрата што ја добива за една спонзорирана објава која достигнува и до милион долари.
Претходно оваа година, Форбс го прогласи Џонсон за најплатен актер во светот, поради неговата заработка од речиси 90 милиони долари.
Покрај неговата филмска кариера, ѕвездата од акционите филмови има големо комерцијално партнерство со американскиот спортски бренд Under Armor уште од 2016 година. Исто така, тој е спонзориран од технолошкиот гигант Apple и норвешкиот бренд за флаширана вода Vos, во која има и сопственички удел.
Според компанијата за маркетинг на социјалните мрежи Hoper HQ, Џонсон ја „исфрлил“ од првото место на листата на најплатени младата Кајли Џенер, сопственик на бренд за козметика марка и реалити ѕвезда.
Џенер има 183 милиони следбеници на оваа мрежа, додека Џонсон има дури 187 милиони и важи за „највредниот“ корисник на Инстаграм.
Компанијата Hoper HQ дојде до резултатите откако разговараше со т.н. инфлуенсери на социјалните мрежи, како и со брендовите и маркетинг-компаниите.
Сепак, многу од цифрите што ги добиваат се тајна.
Други познати личности кои заработуваат неверојатни цифри од едноставно објавување слика на Инстаграм се Кристијано Роналдо (889.000 долари по објава) и Ким Кардашијан Вест која на оваа услуга наплаќа околу 858 000 долари.
Во продолжение е листата на познатите личности кои најмногу наплаќаат по објава на Инстаграм:
- Двејн Џонсон, 187 милиони следбеници, милион долари по објава
- Кајли Џенер, 182 милиони следбеници – 986.000 долари по објава
- Кристијано Роналдо, 225 милиони следбеници – 889.000 долари по објава
- Ким Кардашијан, 176 милиони следбеници – 858.000 долари по објава
- Аријана Гранде, 191 милиони следбеници – 853.000 долари по објава
- Селена Гомез, 180 милиони следбеници – 848.000 долари по објава
- Бијонсе, 149 милиони следбеници – 770.000 долари по објава
- Џастин Бибер, 139 милиони следбеници – 747.000 долари по објава
- Тејлор Свифт, 135 милиони следбеници – 722.000 долари по објава
- Нејмар, 139 милиони следбеници – 704.000 долари по објава