Според истражувањето кое за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, го спроведе агенцијата за истражување М-Проспект од Скопје, македонската ТВ публика во однос на странските ТВ канали најчесто ги преферира: Discovery, Fox и Sport Klub.
Од анализата на програмите на првите 20 омилени странски канали, може да се забележи дека македонската публика најчесто гледа документарни, филмски и спортски содржини, што ете би требало да биде некоја насока во кој поглед македонските ТВ куќи би требало да ја надополнат својата понуда.
Анкетата беше спроведена на територијата на Република Македонија, на случаен репрезентативен примерок од 1070 испитаници од популација на возраст над 16 години. Периодот на анкетирање беше Мај-Јуни 2014.
Во продолжение погледнете ја листата на најгледани странски ТВ канли од македонската публика: