iProspect, глобална дигитална агенција во рамките на мрежата Dentsu Aegis Network, спроведе истражување наречено “Future Focus“ и доби интересни податоци.
Истражувањето на IProspect е спроведено на повеќе од 300 глобални маркетери и маркетинг менаџери, а врз основа на добиените резултати, ви ги претставуваме главните приоритети и заклучоци за успех во наредната година.
Кој е главниот фокус за огласувачите во 2020 година и во што ќе инвестираат?
Веќе две години по ред, клиентите на глобално ниво го делат истото размислување. Податоците станаа валута на дигиталната економија. Градењето доверба на потрошувачите во брендот и понатаму е во приоритет. Сепак, не е за игнорирање информацијата дека најголем предизвик за клиентите за 2020 година е да го следат развојот на технологијата и да останат во чекор со времето и технологијата на денешницата, како и со реструктуирање на тимовите и корпоративните структури.
На прашањето на кои маркетинг канали огласувачите ќе им дадат приоритет во 2020 година, повеќето го наведуваат маркетингот на содржини (content marketing), а сметаат дека Гугл ќе има најголемо влијание врз нивната целна публика.
Како што се гледа, брендовите ќе имаат многу можности за да го изградат, зајакнат и заштитат својот кредибилитет, затоа што довербата е клучна. Очекувањата на самите потрошувачи се во пораст, а со влијание на структурата во компаниите, дигиталната трансформација и следење на технологијата, на брендовите останува да почнат со освојување на нови, но и задржување на постоечките клиенти.
Транспарентноста, конзистентноста и проактивноста на брендовите ќе бидат клучни во испраќањето пораки до потрошувачите и во обликувањето на перцепцијата на јавноста за нивниот кредибилитет. Технологијата ќе биде составен дел од овој процес, а паметните трговци ќе бидат оние кои ќе почнат правилно да управуваат со неа и судат каде и како треба да ја користат.
Истражувањето на iProspect е достапно овде.
Извор: HURA