Креативниот фестивал Golden Drum ги претстави членовите на професионалното жири кои ќе ги избираат најдобрите кампањи во рамки на натпреварувачката секција ONE-CHANNEL. Оваа секција е наменета за специфичните креативни дела кои користат само еден метод за досегнување до пазарната јавност со цел да ја пренесат и искомуницираат нивната порака.
Креативната примена на едноканалната комуникација, како и нејзините предности и ефективност, треба да бидат илустрирани преку пријавените кампањи во оваа категорија. Секцијата ONE-CHANNEL ги слави уникатните креативни дела кои се претставени преку еден канал за комуникација само во однос на секцијата Omni-Channel.
Натпреварувачката секција ONE-CHANNEL се состои од 6 групи со повеќе поткатегории: Film; Print; Out of Home; Audio; Digital, Mobile & Technology; и Design.
Со жирито на ONE-CHANNEL ќе претседава Панчо Касис, партнер и глобален генерален креативен директор во агенцијата DAVID од САД/Шпанија.
Во оценувањето на пријавените кампањи, на Касис ќе му се придружат уште 12 членови на жирито:
- Лука Бајс, извршен креативен директор, SHIFT, Словенија
- Серена ди Бруно, извршен креативен директор, DLVBBDO, Италија
- Ангел Искрев, креативен директор и ко-основач, proof., Бугарија
- Орхан Керимов, основач на Endorphin Advertising Agency, Азербејџан
- Анџелики Корнелату, креативен директор на групацијата, Ogilvy Athens, Грција
- Јанис Милзарајс, креативен директор, humble, Латвија
- Марин Остојиќ, креативен директор, агенција ZOO, Хрватска
- Куба Пржешловски, заменик креативен директор, DDB Warsaw, Полска
- Керолин Риис, сениор креативец, TRY, Норвешка
- Симона Суман, извршен креативен директор, MRM Романија
- Орсолија Шладовиќ, креативен директор, Wavemaker, Унгарија
- Џозефин Валин Анкарстранд, креативен директор и партнер, Le Bureau, Шведска.
„Претставува огромна привилегија да се води One-Channel жирито оваа година на Golden Drum, особено на датумите на фестивалот, бидејќи тие се совршени за да се види сѐ што се случило во текот на годината. Сигурен сум дека ќе научиме многу и исто така ќе ги наградиме делата што навистина се истакнале во 2023 година“ – изјави Панчо Касис, партнер и глобален генерален креативен директор на агенцијата DAVID од САД/Шпанија и претседател на One-Channel жирито на Golden Drum 2023.
Креативниот фестивал Golden Drum ќе се одржи од 9 до 10 октомври 2023 година во Порторож, Словенија. Повеќе информации на следниот линк.