Како многумина големи маркетери, Reebok се прашуваше каде нивните долари за дигитална видео реклама би биле поефикасно потрошени – Facebook или YouTube – па се здружи со Pixability за да открие.
Компанијата ја тестираше својата кампања направена од Venables Bell & Partners, во која беше вклучен NFL играчот Џ.Џ. Ват кој ги користи ZPump Fusion патиките.
Резултатите покажаа дека комбинација од YouTube и Facebook закупи е најефективниот метод за маркетерите. Reebok ги сподели податоците за време на Adweek’s Executive Lab, спонзорирана од Pixability, во Њу Јорк минатата недела.
YouTube имал повисока стапка на гледаност (23.6 проценти од луѓето кои го виделе видеото го гледале, за разлика од 5.4 проценти на Facebook) и стапка на целосно гледање (20.4 проценти, за разлика од 4.5 проценти на Facebook) како и пониска стапка на цена по гледање. Но, Facebook имал поголема интеракција.
“Сакате да ги задоволите потребите на потрошувачоот. Се’ зависи од времето, дали ќе бидат во можност да го гледаат, кога го гледаат,” рече Џесика Рускито, директор на Reebok за медиа и дигитално брендирање во САД. “Сакате да бидете сигурни во секое време дека потрошувачот сака да стапи во интеракција со вашиот бренд, и ја имате содржината за да го овозможите тоа.”
Ако маркетерите сакаат повеќе интеракција, Facebook победува со 0.301 процентна стапка на интеракција по импресија, наспроти 0.163 проценти на YouTube. Сепак, Pixibility и Reebok напоменаа дека е тешко да се направи директна споредба помеѓу двете платформа бидејќи интерактивните елементи на Facebook (Like и Share) се “поедноставни, полесни за разбирање и заземаат поголем простор на екранот”.
Кога е во прашање цената, Facebook-овата наплата од 0.02 долари за преглед од три секунди може да изгледа атрактивно. Но, кога Pixibility ги спореди целите 30-секундни видео реламни прегледи, откри дека Facebook е поскап: маркетерите ќе потрошат 0.11 долари на Facebook и 0.07 долари на YouTube.
“Не сум убедена дека три-секундните видеа ќе функционираат”, рече Рускито. “Врз база на тоа, и знаејќи како индустријата се промени, треба да ги тестирате и да видите дали може да имаат ефект. Но, како најдобра практика секогаш се обидуваме да направиме 15-секундни видеа кои ќе функционираат колку што е можно подобро.”