На наше големо задоволство, деновиве имавме можност да разговараме со Ирена Костурска – Бренд Менаџерот на Магрони ДОО, Друштвото за трговија и услуги. Ја поканивме на кратко интервју бидејќи и ние сме едни од верните обожаватели на функционалните води од брендот Dobra Voda, негазираните сокови Ladna Juicy и ледениот чај Ladna Ice Tea, па сакавме да дознаеме повеќе кој се грижи за успехот на овие брендови, какви активности се спроведуваат, кој тип промоции ги користат и како успеваат да ги задоволат желбите на верните купувачи.
1.Од кога постои вашата компанија, со која дејност се занимава и колку вработени брои?Друштвото за трговија и услуги Магрони ДОО е оформено во 2000 година, но фокусот на сегментот на развој, производство и дистрибуција на природна минерална, природна изворска вода и безалкохолни пијалаци започнува во 2003 годна. Компанијата во моментов брои 120 вработени.
2.Кои брендови ги работите во моментот и каква стратегија за промоција користите за истите со оглед на различната целна група?
Во портфолиото на компанијата имаме неколку брендови и тоа: природна минерална вода Dobra Voda, функционални води Dobra Voda active, wellness и balance, природна изворска вода Ladna, негазирани сокови Ladna Juicy и ладен чај Ladna Ice Tea, а континуирано работиме на развој на нови производи и брендови.Со оглед на тоа што различните брендови таргетираат различни групи на потрошувачи така и промотивните стратегии се разликуваат. За некои сеуште користиме стратегија на градење на имиџ на бренд, за други повеќе практикуваме продажни промоции во зависност од целната група а и во зависност од тоа во која фаза од животниот циклус се наоѓа конкретниот бренд.
3. Која е приказната која стои зад брендот Dobra Voda?
Позади првиот бренд на компанијата, брендот Dobra Vodaстои успешна приказна. Не случајно овој бренд има освоено две награди во категоријата на пакувани газирани води на најголемата светска дегустација на води од натпреварувачки карактер во Berkley Springs West Virginia, САД во конкуренција на светски познати брендови на вода. Врвниот квалитет на брендот го препозна меѓународно стручно жири составено од професионални дегустатори и го наградии со сребрен медал во 2006 година и златен медал во 2010 година. Dobra Voda, втора година по ред e и најомилен бренд меѓу студентите, со што се закити со приматот Стубренд за 2015 и 2016 година.
4.Кои медиуми ги користите најактивно за да ја споделите приказната на брендот со потрошувачите?
Најкористени медиуми ни се телевизијата и дигиталните медиуми (социјални мрежи и интернет портали).
5. Која е дигиталната стратегија на брендот, кон кои медиуми сте фокусирани и зошто?
Се повеќе сме фокусирани кон комуникација преку дигиталниот медиум, највеќе на social media макретинг бидејќи истражувањата покажуваат дека нашата целна група на потрошувачи голем дел од своето слободно време го поминуваат онлајн на социјалните мрежи и интернет порталите.
6. Дали стратегијата за продажба периодично ја менувате: квартално/годишно или по потреба?
Стратегиите за продажба ги правиме долгорочно, но ги менуваме по потреба со оглед на фактот дека живееме и работиме во динамично опкружување и време во кое се случуваат брзи промени.
7. Што е она што ве издвојува од останатите конкуренти?
Иновативноста. На македонскиот пазар први воведовме една сосема нова категорија на производи, станува збор за Dobra Voda функционалните води кои сеуште се единствени и уникатни во Македонија.Од друга страна пак, природната изворска вода Ladna е прва македонска вода препорачана од Здружението на педијатри на Македонија, што ја прави погодна за консумирање на деца од најмала возраст.
8. Кој е вашиот најголем предизвик во иднина?
Да ги усовршуваме постоечките и да создаваме нови интересни и уникатни производи со уште поуспешни приказни.
Интервју направено од: Магдалена Шамбевска