Хрватскиот производител на прехрамбени производи Podravka ја лансираше својата нова телевизиска реклама за брендот на детска храна Čokolino. Спотот е насловен „Ko ti brani da vežbaš i jedeš Čokolino?“ („Кој ти брани да вежбаш и да јадеш Чоколино?“), а главната улога ја толкува голманот на хрватската фудбалска репрезентација Доминик Ливаковиќ („Ko ti brani“, get it? :) ).
Според компанијата, Доминик одлично се вклопил во новата стратегија на Čokolino, која ги поттикнува луѓето од сите возрасти да бидат физички активни и да спортуваат. Колку што децата уживале во снимањето со Доминик, тој толку уживал со нив да игра пинг-понг и да вежба карате, како за промена.
Слоганот на кампањата – „Кој ти брани?“, има за цел да испрати порака дека Чоколино и активниот начин на живот „совршено се надополнуваат“.
Кампањата е креативно осмислена и реализирана во соработка со агенцијата McCann Zagreb и продукциската куќа Val Productions. Режисер на спотот е Далибор Матаниќ.