Европа се менува брзо и токму затоа несмеете да го испуштите највлијателниот европски настан за дигиталната економија на Централна и Источна Европа – CEEDS’15 на Webit кој ќе биде домаќин на Потпретседателот на Европската Комисија за Единствен Дигитален Пазар, господин Андруш Ансип, 100 врвни предавачи, и повеќе од 3000 посетители од 40 земји, во Софија, Бугарија.
Седма година по ред, на 21 и 22 април, CEEDS’15 на Webit ќе биде домаќин на врвните европски претпријатија и стартап бизниси на настан за дигиталните, технолошките и медија/адвертајзинг пзарите со посебен акцент на Централна и Источна Европа. Организаторите очекуваат преку 3000 посетители од 40 земји.
Учеството на Потпретседателот на Европската комисија за Единствен Дигитален Пазар Андруш Ансип, заедно со значајни имиња од технологиската, дигиталната, маркетинг индустријата и стартап бизнисот е сигурен знак за едно високо ниво на дискусија и дијалог помеѓу бизнисите, стартап екосистемот и Европската Унија.
Повеќе од 100 предавачи ќе дискутираат за состојбата на Европа сега и како ќе се развива во годините кои следат, како и кои се добрите практики на ‘стариот континент’. Лидерите во индустијата и стартап бизнисите ќе работат заедно во предвидувањето и изградбата на иднината на дигитална Европа на CEEDS’15.
Оваа година CEEDS на Webit ќе има три главни паралелни сцени.
‘Tech Summit’сцената ќе биде домаќин на голем број CTO и CIO-ите од најголемите компании од Европа и регионот како и владини организации, стартап бизниси и претставници од малите и средни компании. Меѓу главните теми се вклучуваат “Internet of Everything”, “Digital Education”, “Digital Health”, “Big Data”, “Cloud”, “Business Intelligence”, “Security and Privacy”, “Money and Payments”, откри Пламен Русев, Претседател на Global Webit Series, организатор на CEEDS’15 во Софија.
“Marketing and Innovation Summit” сцената ќе биде домаќин на маркетинг директорите, CIO-ите и претставници на најголемите огласувачи, медиски групации, адвертајзинг мрежи и агенции. Главна тема на оваа сцена ќе бидат дигиталната трансформација, видео, мобилните и програмскиот адвертајзинг, мобилната и дигитална трговија, дигиталната забава, опшествени бренд стратегии итн.
“Enterprise2Founders Summit”е третиот главен дел на CEEDS’15 каде што високи претставници од најголемите компании во Европа ќе дискутираат за можностите за иновации преку соработка со стартап бизнисите од регионот.
Листата на предавачи на CEEDS вклучува CEO-и, MD-и, CMO-и, CTO-и, високи функционери на BitTorrent (1/3 од светскиот интернет сообраќај минува низ протоколот на BitTorrent), Forbes, Google, Microsoft, Philips, ARM, GroupM, MEC Global, основачот на стартап компанијата Poikos (компанијата која создаде 3D софтвер за мерење на човечкото тело како дел од специјален панел за технологии во здравството), основачот на Telerik (неодамна продадена за 264 милиони долари), голем број на инвеститори, забрзувачи и други.
Други делови од програмата на настанот се бројни работилници и тркалезни маси за развивачи и маркетери, GoViral Академијата за креатори на содржина и други.
Сеуше има можност за искористување на early bird влезниците (100 евра) кои можат да се резервираат на официјалната CEEDS’15 веб-страна: http://webit.bg
(комерцијален текст)