Coca-Cola дизајнираше лимитирано издание на шише за празниците кое на потрошувачите им овозможува да снимаат пораки кои ќе се пуштаат кога капачето се врти. Вградената технологија во шишето им овозможува на луѓето да снимаат пораки за 30 секунди.
Шишињата ќе бидат достапни само во две продажни места во Сицилија и ќе се дистрибуираат помеѓу избрани инфлуенсери во пробна тест кампања која се очекува да прерасне во голема маркетинг кампања следната година.
Видео и социјалната кампања придружена на овој производ ќе се емитува низ Централна и Источна Европа.
Божиќните мелодии прикажани се низ бројни видеа на YouTube придружени се демонстрирање на шишето.
Технологијата на звучното капаче развиена е од дигиталната агенција Gigigo од Шпанија додека пак видеото креирано е од агенцијата David лоцирана во Буенос Аирес. Во улогата на режисер се појавува Lucas Shannon од Landia.