Ако пиеш Coca Cola, сега можеш да го претвориш освежувањето во нешто уште повкусно.
Празно шише од сок? Не, сега е пиштол на вода. Бескорисно парче отпад? Не, сега е острилка за моливи или совршена тропалка за вашето бебе.
Усреќете ги вашите дечиња. Дајте им Coca Cola и играчки произведени од Coca Cola. А, ако имате 2 празни шишиња, направете си тег и согорете ги калориите што ги испивте.
Креирани во соработка со кинеската Ogilvy & Mather, кампањата нуди 16 различни варијанти на иновативни капачиња што се навртуваат на шишишата кога се празни, претворајќи ги во корисни предмети како пиштоли на вода, свирчиња, четки за боење, острилки или сега со нив можете да правите меури од сапуница. Целта е да се направат паметни напори што ќе ги охрабрат потрошувачите во Виетнам да рециклираат, и воедно, ова е револуција во обидите рециклирањето да се искористи како највисока форма на маркетинг.
Coca Cola ќе растури 40.000 вакви модифицирани тапи, што за почеток се достапни во 16 различни варијанти. Не е назначено дали тапите се направени од рециклиран материјал. Дури и да е така, производството на дополнителни пластични делови, можеби не е најдобар начин да се намали отпадот.
Но, тоа не е поентата. Иако тапите можеби и не се вистински начин да се покаже совеста за рециклирање, со самото тоа што произведува дупла тапа за секое шише, сепак е паметен маркетинг: „Што ако празните Coca Cola шишиња, никогаш не се фрлат“- е главно прашање во кампањата.
Најпосле, ова би значело дека луѓето би можеле конечно да живеат во Утопија во која се е направено од Coca Cola производи.
Автор: Александра Икономова