(РЕГИОН) – Кока-кола ХБЦ Б-Х Сараево потпиша договор со компанијата МБ Импекс како би стартувала со дистрибуција и продажба на единствена понуда на ракија и ликер на подрачјето на Босна и Херцеговина.
На конференцијата за медиуми посветена на потпишувањето на договорот за дистрибуција и соработка помеѓу компаниите Кока-кола ХБЦ Б-Х Сараево и MБ Импекс Бања Лука, беше објавено дека продажбата на оваа единствена палета на ракија и ликери на босанско-херцеговачкиот пазар ќе се реализира под франшизата на Кока-кола ХБЦ Б-Х Сараево.
Благодарение на воспоставената соработка со „МБ Импекс”, БИХ е една од 11 земји во кои „Кока-кола Хеленик” работи како најголем европски дистрибутер на алкохолни пијалаци. Работиме на зајакнување на присутноста на овој пазар со цел континуирано создавање на поголеми вредности за своите потрошувачи, купувачи, вработени и доставувачи, истакна Аднан Топиќ, комерцијален директор и директор за франшиза во „Кока-кола ХБЦ Б-Х”.
Директорот на компанијата „МБ Импекс”, Милан Балаќ ја најави дистрибуцијата на проиводите: Divna rakija, Zlatna rakija, OM rakija, Zlatni pelin, Meduška и Baba Višnja.
Поврзувањето со „Кока-кола ХБЦ Б-Х” е големо признание за нашата работа, но и голема обврска. За нас оваа компанија не е само купувач и дистрибутер, туку деловен партнер што во иднина ќе ни помогне при продажбата на нашите производи преку нивните дистрибутивни мрежи во Европа, изјави Балаќ.