Роналдо може да наплати 1,6 милиони долари за една објава на Инстаграм
Кристијано Роналдо, како една од најпопуларните личности на Инстаграм, може да наплати 1,6 милиони долари за една објава на оваа мрежа.
Капитенот на Португалија се искачи на врвот на листата на највлијателни луѓе на Инстаграм, на која се наоѓаат поранешниот борач и актер Двејн Џонсон и пејачката Аријана Гранде.
Ова е првпат фудбалерот да се најде на врвот на оваа листа, на која со години доминираат американски sвезди од светот на реалити телевизијата, филмот и музиката.
Роналдо е најпопуларната личност на Инстаграм со повеќе од 300 милиони следбеници, а ако се додадат и други платформи, како Фејсбук и Твитер, португалецот го следат повеќе од 550 милиони луѓе.
Ова му помогна да се искачи од третото место на врвот на листата оваа година и да го тргне Двејн Џонсон од тронот.
„Поради Европското првенство и некои контроверзни маркетинг потези, неговото онлајн присуство значително се зголеми. Покрај тоа, пред само неколку недели, тој го потврди својот статус на крал на Инстаграм, станувајќи најследената личност на таа платформа“, вели Мајк Бандар, ко-основач на HopperHQ.com кој ја составува листата на највлијателни луѓе на Инстаграм.
На врвот на листата на луѓе кои заработуваат најмногу на Инстаграм се и Ким Кардашијан, Бијонсе, Селена Гомез, Лионел Меси…