Брендот кафе Nespresso на Nestlé лансираше нова хумористична реклама, насловена „Колку далеку би отишле за Неспресо?“, во која глумат филмските ѕвезди Џорџ Клуни, Жан Дижарден и Камил Котин.
Рекламата отпочнува со сцена во некој француски апартман, каде што Жан Дижарден му доаѓа на гости на Џорџ Клуни за да пијат утринско кафе. Меѓутоа, двајцата пријатели имаат само една капсула Nespresso, па помеѓу нив почнува борба за тоа кој ќе ја има можноста да ужива во доброто кафе.
За несреќа (или подоцна среќа) на двајцата, капсулата им паѓа низ прозорец во соседниот апартман под нив, каде живее Камил Котин. Таму откриваат дека актерката исто така има Nespresso, па се обидуваат да ѝ го украдат нејзиното.
Камил ги фаќа на дело, им се качува на горниот спрат, но наместо кавга – целата приказна завршува со среќен крај во кој сите тројца уживаат во шоља Nespresso.
Рекламата е дел од новата глобална кампања на брендот, насловена “Unforgettable Taste” („Незаборавен вкус“).