Една студија спроведена од агенцијата Siegemedia откри дека многу Американци не можат точно да ги идентификуваат некои од најпознатите светски логоа
Извор: wikibuy.blog
Една студија, спроведена од агенцијата Siegemedia, се обиде да одговори на прашањето колку се препознатливи логоата на некои од врвните американски брендови, а резултатите што ги добиле, се доста интересни.
Тие анкетираа 6.000 Американци за тоа колку добро ги препознаваат некои од најголемите брендови, а тоа го направиле со помош на мали промени во логоата на некои од најголемите компании во секторите на технологија и малопродажба, менувајќи го нивниот фонт, боја или дизајн.
И покрај тоа што е еден од најпрепознатливите брендови во светот, особено во САД, 44% од испитаниците во анкетата, не можеле точно да го препознаат логото на Apple.
За оние кои згрешиле во нивниот избор, најчестата варијанта која ја избрале е онаа на која листот на јаболкото е свртен кон погрешната страна, а оваа опција била избрана од 27% од испитаниците. Испитаниците биле посигурни кога станува збор за ориентацијата на целокупното лого, а само 17% од испитаниците го избрале логото на кое одгизаното јаболко е на погрешна страна.
Кога станува збор за Google, во анкетата е променет распоредот на боите во логото, кој ги збуни 31% од учесниците во истражувањето.
Иако, според многу стандарди е најпопуларна веб-страница на светот и обработува 40.000 пребарувања секоја секунда, се чини дека потрошувачите сè уште не можат точно да го идентификуваат точниот редослед на боите во логото на Google. 12% од испитаниците во анкетата избрале лого во кое првата буква била црвена, а 11% се одлучиле за опција за замена на местата на црвената, жолтата и зелената боја.
Кога станува збор за малопродажниот гигант Target, вториот по големина во САД, само 50% од Американците го одбрале правилното лого.
Тука анкетата си поигра со фонтот и бојата на логото, како и бројот на прстени во “целта”. Промената на бојата и фонтот ги збуни повеќето од оние кои ја промашиле матата, бидејќи 33% од испитаниците ја избрале оваа опција. Кога станува збор за бројот на прстени, испитаниците биле посигурни во изборот, така што 16% од испитаниците избраа погрешни логоа од овој тип.
Гледано од демографски аспект, жените биле попрецизни во препознавањето на правилните логоа, додека помладите испитаници биле попрецизни кога станува збор за логоата на технолошките компании.
“Значи, колку добро Американците ги препознаваат врвните брендови? Веројатно не толку колку што би сакале маркетинг тимовите на овие компании“, е заклучено во истражувањето.