Во светот, опаѓа довербата во вестите и информациите кои се споделуват на онлајн медиумите!
Агенцијата UM на Digital Day ги презентираше резултатите од истражувањето за навиките на корисниците на социјалните медиуми – Wave X: Remix Culture. Истражувањето даде јасна порака: “светот губи доверба во онлајн-медиумите”.
Зошто на глобално ниво значително се намалува довербата во содржините кои ги споделуваме на интернет, зошто во социјалните медиуми гледаме начин на припадност кон одредена група, со кои социјални медиуми се идентификуваме, кој влијае на нас, на кого веруваме, каков вид на приказни ни се допаѓаат, а кои приказни ги споделуваме на социјалните медиуми … за овие прашања на панел дискусија разговараа Катарина Костиќ, директор на медиуми операции во I&F Група во рамките на која работи агенцијатa UM Белград и Билјана Србљановиќ, драмски автор, редовен професор по драматургија на Факултетот за драмски уметности и автор на подкастот “Задоволство во текстот.”
Истражувањето покажа дека на глобално ниво значително се намалува довербата во вестите и информациите кои се споделуваат во онлајн-медиумите – дури 46 отсто од испитаниците сметаат дека вестите кои се пласираат на интернет се “лажни”. Од друга страна, само 8 проценти од нив веруваат дека содржините кои ги прочитале или виделе онлајн се точнi. На помалку од половина од испитаниците (47 проценти) влијае содржината и вестите кои се споделуваат онлајн. Исто така беше забележано дека испитаниците помалку им веруваат на институциите и експертите отколку порано. Сведоци сме на секојдневна поларизација, поединците во социјалните медиуми гледаат начин на припадност на одредена општествена група, која потоа го одредува нивниот идентитет.
„Wave X: Remix Culture препозна дека во создавањето на идентитетот денес постои една цела мешавина на различни влијанија, од нашата непосредна околина, глобалната култура, до различни информации, кои по пат на социјалните медиуми и новите платформи станаа лесно достапни. Со појавата на социјалните медиуми на корисниците во раце им е дадена моќна алатка за самите да направат она што мислат, да го менуваат, редефинираат или креираат нивниот идентитет, да пронајдат следбеници кои ќе ги споделат нивните верувања и слично. Корисниците на социјалните медиуми станаа нивни креатори “, вели Катарина Костиќ.
“Србија предничи во недостаток на довербата на интернет, бидејќи постои некој вид на етаблирана етика во професионалната употреба на социјалните мрежи. Глобалниот тренд е дека “лажните вести”, всушност, станаа таков феномен, кој дури и одлучува за изборите во најголемите земји на светот. Цели фарми на креатори на лажни вести, наративи и содржина интензивно се обидуваат да се вклучат во изборните процеси, а некаде и успеваат во тоа, како што беше случај во Америка “, додава Билјана Србљановиќ.
Интересно е дека се помалку луѓе се врзуваат за социјалните медиуми. Бројот на оние кои се загрижени дека можеби пропуштиле нешто ако не посетиле некои од социјалните медиуми сега е помал од половина (46 наспроти 50 проценти колку што е покажа претходното Wave истражување). На прашањето “на кој социјален медиум го пронаоѓам она што ме интересира, на кој се пронаоѓам себе, односно со кого се идентификувам“, на глобално ниво, испитаниците ги наведуваат Netflix, YouTube и Spotify. Платформите како Фејсбук, Твитер, Инстаграм или Снепчет за глобалните испитаници не се ниту помеѓу првите пет. Во Србија, од друга страна, луѓето најмногу се идентификуваат со YouTube, Viber, Linkedin.
Покривајќи примерок од повеќе од 56.000 испитаници, активни корисници на интернет (кој го користат секој ден или секој втор ден), на возраст од 16-54 години од 81 земји, студијата Wave X: Remix Culture претставува репрезентативна слика на потребите, ставовите и однесувањето на повеќе од една милијарда корисници на социјални медиуми во светот. Покрај во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија, овогодинешното истражување за прв пат беше спроведено и во другите земји во регионот: Словенија, Црна Гора и Албанија.