Петтиот, јубилејен фестивал на интегрирани комуникации KAKTUS 2019 ќе се одржи на 29 и 30 октомври во Опера и театар „Мадленианум“ во Белград, под слоганот “Make room for a new BLOOM“. Еден од најнаградуваните глобални креативци, Едуардо Маркес, главен креативен директор во агенцијата Публицис Шпанија, е главен говорник на годинешниот фестивал КАКТУС 2019. Тој со предавањето на многу интересна тема „Don’t Wait. Just Make it“, ќе го затвори овогодинешниот фестивал. Во оваа прилика, разговаравме со него за идеите кои излегуваат од границите на очигледното.
Како знаеме кога имаме идеја за која вреди да се бориме?
Едноставно имате чувство дека тоа е нешто сосема ново, различно. Тоа е вид на идеја за која им кажувате на врсниците, а предизвикува моментална реакција и повеќето од нив завидуваат на тоа. Обично, тоа е едноставна идеја, која може да ја твитнете. Ако ви треба многу за да ја објасните, веројатно не е толку сјајна.
Мислите ли дека претераното размислување може да уништи добра идеја?
Мислам дека понекогаш прекумерното размислување е дел од процесот за да се направи едноставна идејата на крајот. Понекогаш таквата идеја доаѓа “на прва“, а понекогаш е потребно „чистење“. Честопати се случува да не престанете да размислувате како да бидете подобри и подобри и поголемиот дел од времето, всушност, се враќате на оригиналната, сурова, едноставна мисла, која е токму најсјајната идеја.
Како да се справиме со неуспехот?
Неуспехот навистина нè прави посилни. После неуспехот, следната можност е секогаш вистинскиот пат. Тоа се неуспеси што не водат до слава.
Можете ли да наведете еден пример кога идеја со големо НЕ се претворила во идеја со големо ДА?
Ова е токму она за што ќе зборувам за време на своето излагање на Фестивалот КАКТУС 2019, па дозволете ми да оставам изненадување за настанот!
„НЕ, невозможно е“ може да биде најголем притисок за луѓето кои работат во адвертајзинг индустријата. Ако е „невозможно“, тогаш никој досега не го сторил тоа. И тоа е точно насоката кон која сакаме да одиме.
Кои се факторите кои влијаат за тоа идејата да стане голема?
Вашата страст за идејата. Останатото е последица.
Повеќе информации за фестивалот KAKTUS 2019 можете да пронајдете на сајтот www.kaktus.rs.