Дали би се сложиле дека постои феномен денешните деца побрзо да научат да го користат Интернетот пред да научат и да одат?
Иако возраста за деца кои користат смартфони постојано се снижува, повеќето од нив немаат свој телефон – се зборува во новиот извештај на eMarketer, “US Kids and Digital: Gauging How Digital These Digital Natives Really Are”).
eMarketer оценува дека 61.6% од децата на возраст од 0 до 11 години ќе го користат Интернетот барем еднаш месечно во 2016 година- што e пониска стапка во однос на стапката за користеност од страна на тинејџерите и поголемиот процент на возрасни корисници на Интернет.
Користењето, секако е почесто кај повозрасните деца. Во истражување спроведено во мај 2016 година од страна на KidSay врз примерок од деца на возраст од 8-11 годишна возраст од кои 51.0% од момчињата и 45.7% од девојчињата се изјасниле дека го користат Интернетот повеќе пати дневно.
Иако веќе сме ера на мобилните уреди, значителен број на деца пристапуваат на Интернет преку компјутер.
Во последниот извештај за вториот квартал од 2016 година Институтот Nielsen идентификувал дека 26% од деца на возраст од 2- 11 години се најмалку месечни корисници на сервисот преку десктоп или лаптоп компјутери.
За некои деца, користењето на Интернетот е ограничено поради недостатокот на приход за користење на сервисот.
Во последното истражување на Joan Ganz Cooney Center, основано врз податоци за родители и деца помеѓу возрасните групи од 6-13 годишна возраст, каде 94% од испитаниците имале некаков Интернет пристап.
23% од вкупната бројка на испитаници имале пристап само до мобилен интернет.
Во групата на родители со помали примања, 20% од испитаниците се изјасниле дека биле оневозможени да користат Интернет поради ненавремено плаќање за користење на услугите на провајдерите. 29% од испитаниците го искористиле својот Интернет сообраќај, додека пак 24% немале сервис поради неплаќање.
Доколку го тргнеме приходот на страна, дигиталниот пристап не значи дека децата не гледаат ТВ.
Извештајот за вториот квартал на 2016 година на Институтот Nielsen покажа дека децата на возраст од 2- до 11-години поминуваат 19 часа и 15 минути неделно Тв програми во живо или пак снимени содржини од ТВ.
Овие податоци им парираат на податоците на Ipsos Connect од февруари 2016, каде деца од 6-12 годишна возраст биле прашани да ја идентификуваат својата омилена направа на која гледаат видео содржини, дури 67% од децата го избрале ТВ приемникот.