Ознаката “Made in Germany” како гаранција за квалитет и понатаму ширум светот е добро позната и ценета, но веќе не е доволна на светскиот пазар да обезбеди долгорочен успех на германските производи. Ова е заклучокот на истражувањето кое го спроведе државната агенција за надворешна трговија и маркетинг “Germany trade and invest“.
Иако оваа ознака за квалитет се уште е на цена, како што наведува истражувањето за успех на германските производи на странските пазари во странство е потребно да се работи на стратегија со која долгорочно ќе се поврзат купувачите со германските производи.
Агенцијата истражувала во 15 земји колкава, всушност, денеска е вредноста на марката “Made in Germany”. Според резултатите, во САД германските производи се уште се синоним за квалитет, прецизност и сигурност. Посебно кога станува збор за машини, автомобили привлечноста на оваа марка е голема. Но, како што се наведува во истражувањето, во САД купувачите се добро информирани. Често за нив е важно германските производители да имаат нагласено дека одредена стока е произведена во САД, но со почитување на германски стандарди на производство. Во Русија, пак, ознаката “Made in Germany” значи врвен квалитет. Во оваа земја сите германски производи се исклучително ценети/од автомобили и машини, преку индустриски постројки, до лекови, облека и животни намирници. Единствено тоа не е случај кога станува збор за производи од информациско комуникациска технологија. Во Бразил, како што се наведува во истражувањето, богатите исклучително ги ценат германските производи, но “новата средна класа” најчесто не ги познава. Покрај тоа, на одлуката за купување на бразилскиот пазар многу повеќе влијае цената на производот, како и блискоста на потрошувачите. Но, бразилскиот пазар останува меѓу најатрактивните за германските компании, кои како што се наведува во студијата, мора да го подобрат маркетингот.
Меѓутоа сјајот на ознаката “Made in Germany” во Кина почнува да бледее, бидејќи конкуренцијата во оваа земја не спие. Иако Кина за германската машинска индустрија е најважен пазар, конкурентноста е се поактивна, добивката почнува да паѓа. И во оваа земја, како што се наведува во анализата, германските компании мораат да произведуваат на лице место, но и да докажат дека квалитетот на производите е согласно ознаката “Made in Germany”, што е еден од најголемите предизвици за во иднина.
Имиџот на германските производи во Велика Британија, каде што пред 130 години е смислена оваа ознака е најдобар до сега. Единствено кога станува збор за користење на обновливи извори енергија се повеќе се ценат домашните производи. Производите со оваа ознака се ценат многу во Шпанија, Италија, Јужна Кореја и Полска.
Според анализата меѓу 100 најголеми светски брендови Германија, меѓу земјите во Европа Германија има најмногу брендови, вкупно 10. Меѓу нив се “Мерцедес-Бенц”, БМВ, “Фолксваген”, “Ауди”, “Порше” САП, “Нивеа”, “Адидас” и “Сименс”.
Извор: Вечер