Најновиот инфографик на TitleMax ја прикажува нето-добивката остварена во секунда на најпрофитабилните американски компании од „Fortune 500“.
Компанијата Apple во една секунда заработува 1.444,7 долари и се наоѓа далеку пред сите останати компании, па така „Alphabet“ (Google) е дури на петтото место со заработка од 615,96 долари, додека „Microsoft“ е на седмото место со заработка од 531,21 долар во секунда.
На „Apple“ оваа бројка му ја донесе податокот од минатогодишната заработка во висина од 45,5 милијарди долари, што е двојно повеќе од втората компанија на оваа листа „JP Morgan Chase“ која во секунда заработува 782,14 долари, додека „Walmart“ кој се наоѓа на врвот на „Fortune 500“ како бренд број 1, е далку назад со заработка од 431,43 долари во секунда, но сепак пред „Intel“ кој во секунда заработува 326,22 долари во секунда.