Пишува: Емилија Гроздановска, маркетинг менаџер.
Во свет каде секоја секунда се создаваат 1.7MB податоци по човек, (и да ова не е само бројка, ова е предупредување според извештајот на Domo, во 2020 година) човечкиот мозок сам не може да го обработи сето тоа. Парадоксот е дека, вниманието на луѓето станува сè пократко, а довербата во информациите сè потешка за освојување.
Кога првпат се сретнав со ChatGPT, сфатив дека ова не е само уште една алатка за пишување текстови. Ова е целосна промена на начинот на кој размислуваме, анализираме и креираме маркетинг. Денес, со GPT-5 и напредните алатки со вештачка интелигенција (ВИ), ние маркетерите имаме шанса да добиеме супермоќ која пред само неколку години звучеше научна фантастика.
Зошто е ова толку важно?
Маркетингот отсекогаш бил игра на перцепција и врска со луѓето. Но, денес публиката очекува персонализација, брзина и искуство кое е создадено токму за нив. Вештачката интелигенција ни овозможува да предвидиме што сакаат клиентите, уште пред тие да го побараат тоа.
А со ChatGPT-5 не добив „паметен асистент“ – тоа е мојот „brainstorming“ партнер, аналитичар и креативец во едно. Можам да започнам со идеја, а за неколку минути да добијам цела кампања со стратегии, клучни пораки и дури визуелни насоки. Разликата е што јас добивам повеќе време да се фокусирам на суштината – креативноста и човечката емоција.
Од друга страна, алатки како Jasper AI или MidJourney ја дополнуваат оваа моќ:
- Jasper ми помага за брза и квалитетна копирајтинг содржина.
- MidJourney ми овозможува визуелизација на креативни концепти кои претходно бараа долги процеси со дизајн тимови.
Проблем:
Имав предизвик со еден продукт, кампањата за него требаше да се насочи кон млади луѓе (18–25 години), но класичните канали и пораките не носеа резултат. Проблемот беше што тие ја игнорираа содржината – премногу им звучеше „корпоративно“ и предвидливо.
Решение со ВИ:
Го искористив ChatGPT-5 за да направам „tone of voice testing“.
Му дадов податоци за брендот и целната публика, и побарав да ми предложи различни стилови на пораки: саркастичен, мим-стил, минималистички и едукативен.
Со дополнителен тест преку Adobe CS + AI tools (Magic Write и AI visuals) енерација на креативи: креирав „mock-up“ креативи за секој од стиловите. Ова значеше дека за неколку часа имав визуелни и текстуални примери што инаку би барале денови работа со тим.
Тестирање на публика:
Креативите беа пуштени на интерен тест кај колеги од возраст 18–25 години и се измери нивниот „engagement“: кликови, споделувања и коментари.
Резултати:
- Мим-стил пораката со кратко видео и ВИ-генерирана илустрација имаше најголем „engagement“ – речиси двојно повеќе од класичната корпоративна порака.
- Минималистичкиот стил беше втор со помало, но стабилно внимание.
- Саркастичниот тон имаше одреден интерес, но не сите го разбираа хуморот.
- Едукативниот тон го привлече само дел од публиката, но не генерираше брзи реакции.
Вештачката интелигенција не ми даде готово решение, но ми отвори супербрз пат да тестирам различни идеи што инаку ќе ми одземаа недели. На крај, вистинската порака не ја даде технологијата сама – ја потврдија луѓето. Комбинација од машинска моќ и човечки увид што навистина прави разлика.