Американскиот пивски бренд Bud Light лансираше ново „екстра лесно“ пиво наречено Bud Light NEXT – без јаглехидрати, со само 80 калории и 4% алкохол – наменето за младата генерација „Z“.
Првата реклама за новото пиво беше емитувана за време на одигрувањето на NFL Super Bowl, при што самиот спот претставува комбинација на ретро и футуризам.
Рекламата претставува колаж од ситуации со надреален шмек, засилувајќи ја главната порака: “Zero In The Way Of Possibility”, или преведено и парафразирано „Нула предизвици на патот за (воз)можноста“.
Спотот доби доста внимание и поради изборот на самата песна со која е проследен – “Gotta Move” („Мора да се движиш“) од Барбара Стрејсенд, објавена во далечната 1963 година.
Кампањата се реализира со помош на агенцијата Wieden+Kennedy.