Финансискиот онлајн платежен систем PayPal ја лансираше својата најголема кампања досега на американскиот пазар, ангажирајќи го познатиот комичар и холивудски актер Вил Ферел за реинтерпретација на „Everywhere“ – носталгичниот хит на Fleetwood Mac од 1987 година.
Имплементацијата на кампањата отпочнува заедно со новата сезона во националната лига на американски фудбал, нудејќи им на гледачите увид во придобивките од користењето на платформата за дигитални плаќања на PayPal и PayPal Debit Mastercard, која нуди 5% поврат на средства.
Во централниот спот, Вил Ферел ги покажува своите комедиски вештини додека се снаоѓа во низа секојдневни ситуации, демонстрирајќи колку е едноставно да се плаќа со PayPal. Од штандови за лимонада и ресторани за брза храна, до бутици за луксузна мода – плаќањето со PayPal е лесно како песна, предизвикувајќи го да пее: “Сакам да плаќам насекаде со тебе…“
„Нашата нова кампања ја истакнува идејата дека PayPal е навистина насекаде и ги наградува корисниците повеќе од било кога. Таа укажува на возбудливата насока кон која се движиме додека продолжуваме да го развиваме PayPal на лесен, безбеден и наградувачки начин за шопинг насекаде“ – истакнува Џеф Сили, генерален маркетинг директор на PayPal.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција BBH.