Богата листа на регионални и меѓународни ТВ професионалци го потврдија своето доаѓање
Настанот фокусиран на создавање ТВ содржини во земјите со низок продукциски капацитет од Централна и Источна Европа, NEM Zagreb 2023, повторно ќе ги собере највлијателните компании кои го креираат пејзажот на европската ТВ индустрија. Од 6 до 8 декември 2023 година, во Загреб ќе дојдат претставници на успешни продукциски компании, главни FTA и Pay-TV канали, стриминг платформи, телекоми и други оператори.
Некои од најголемите партнери и спонзори на NEM Zagreb 2023 се Полската телевизија (TVP), WarnerBros. Discovery, Хрватскиот аудиовизуелен центар (HAVC), Хрватската радиотелевизија (HRT), Меѓународниот ТВ фестивал и форум „Heart of Europe“, Telemach, Хрватската асоцијација на независни продуценти (HDNP), HBO Max, Banijay, MIDPOINT Institute, Сараевскиот филмски фестивал, BH Telecom, Советот на Европа, Viaplay Select и други.
По трет пат, настанот фокусиран на „создавањето ТВ серии и филмови“ ќе биде домаќин на голем број креативци, но и бизнис ориентирани аудиовизуелни експерти: ТВ и филмски продуценти, презентери, режисери, сценаристи, консултанти за сценарија, директори и искусни менаџери од компании како што се France Télévisions, Mediawan, CME Adria, Beta Film, ACT4, COSMOTE TV, Ampere Analysis, Telekom Srbija, YLE Finnish Broadcasting Company, TV Nova/VOYO, Omdia, MEDIA Office Croatia, Keshet International и многу други.
Во декември 2023 година, Загреб повторно ќе стане централното место во Европа фокусирано на едукација, вмрежување и промоција на професионалци, компании и проекти од Централна и Источна Европа. NEM Zagreb создава можности за нови проекти, работни места, копродукции меѓу земјите од Централна и Источна Европа и копродукција помеѓу земји со низок и висок продукциски капацитет. За подетални информации за настанот, погледнете ја официјалната веб-страница на NEM Zagreb 2023 и погледнете ја целосната агенда на следниот линк.
Списокот на сите присутни компании може да се разгледа на ОВОЈ ЛИНК.
Одржувањето на NEM Zagreb 2023 е кофинансирано од Европската Унија, преку потпрограмата Креативна Европа МЕДИА. Повеќе информации се достапни на веб-страницата на NEM Zagreb 2023.