Во време кога светот изгледа дека е поделен, многу маркетери ги отвораат широко своите раце и креативни умови за да покажат поддршка за луѓето со различни позадини и верувања.
Swedish Railways (SJ) е последната организација која пристапи кон оваа иницијатива и својата поддршка ја прикажа преку реклама креирана од страна на TBWA\Stockholm.
Спотот наречен патувањето на Пол ( “Paul’s Journey,”) е приказна за Пол кој се вози со возот на SJ. Тој ужива во панорамските глетки додека се вози, кога ненадејно прави мали измени на својот изглед. Прво започнува со обетки, лак за нокти, розеви очила пред потоа комплетно да се преслече во женска облека и високи потпетици. Додека Пол ја прави оваа трансформација, преостанатите во неговиот вагон го гледаат со прифаќање, без да го осудуваат.
“Додека работевме на кратката и целокупната платформа на SJ како инклузивен бренд, зборувавме за широк ранг на патувања кои ги прават луѓето во рамките на SJ. На пример, патувањето до работа е секојдневно мало патување. Но што би било спротивното? Луѓе кои се преселуваат во друг град, ги променуваат своите животи, прават промена на се..’’ – додава Johannes Ivarsson, copywriter во TBWA\Stockholm .
“Во време кога некои од политичарите скаат да ги поделат и замолчат луѓето, одлучивме да ги потсетиме Швеѓаните дека SJ е секогаш тука за нив, без разлика кои се тие, без разлика каде сакаат да одат’’ рече Ivarsson.