Американскиот производител за спортска опрема Најк одлучи да ја прекине соработката со Амазон
Од компанијата соопштија дека повеќе нама да продаваат роба преку страницата на Амазон, еден од водечките онлајн трговци во светот, со цел да се фокусира на директен однос со потрошувачите, пренесува CNBC.
Оваа вест го вклучи алармното ѕвоно во малопродажната индустрија, а некои сметаат дека и останатите брендови можат да го следат ваквиот потег и оценуваат дека би било паметно тоа и да го направат.
„На брендовите не им треба Амазон. Брзината на испорака беше предност на Амазон, но оваа предност се намали…Овај потег ни покажува дека моќните брендови сфаќаат дека прометот преку нивните сајтови е самоодржлив, попрофитабилен и дека всушност го зајакнува брендот, додека нивниот промет и приход преку Амазон е помалку профитабилен и помалку придонесува за зајакнување на брендот“, вели Ренди Коник, аналитичар во компанијата Џефрис.
Тој смета дека многу моќни брендови, па дури и оние од други сектори, во иднина ќе одлучат да се откажат или да ги ограничат своите односи со Амазон.
Од Амазон не одговориле за коментар.