Козметичката компанија The Body Shop претстави низа на паметни OOH огласи во Лондон кои ги отстрануваат загадувачите од воздухот.
Оваа компанија за козметика и нега на кожата се здружи со компанијата Airlabs која работи на технологиите за заштита на животната средина, а огласите се поставени на три високо загадени локации во градот.
Системите на Airlabs за прочистување на воздухот ги отстрануваат штетните загадувачи, вклучувајќи ги азот диоксид и честичките. The Body Shop и во иднина има намера да вградува иновативни единици за прочистување во своите OOH огласи, во согласност со заложбата за еколошки активизам.
Плакатите ќе бидат активни на три JCDecaux автобуски постојки во рамките на пилот програмата, а кампањата за The Body Shop ја води агенцијата Maxus.
„Иако овие единици запрочистување на воздухот треба да се воведат на поширок план, ние ги правиме првите чекори за ги заштитиме граѓаните на Лондон од изложувањето на загаден воздух, и им помагаме во подигнувањето на свеста за оваа неверојатна технологија која ни е достапна“, изјави Elen MacAskill, директорот за маркетинг и општествена одговорност за The Body Shop во Велика Британија.
„Ги повикуваме и другите копании, превозници, сопственици на автобуски постојки и брендови да го применатовај пристап. Оваа технологија може да ја намали изложеноста на урбаното загадување за илјада луѓе секој ден, на места каде што нивото на загаденост со азот диоксид ги преминува законските граници.“