Компанијата “Убер“ го искористи бесот на фудбалските фанови заради голманот кој го користел мобилниот телефон на натпревар, со цел да предупреди на опасноста од користење на овие уреди во текот на возењето
“Убер“ Бразил и еден голман, чие внимание во текот на еден натпревар беше одвлечено од неговиот телефон, со право ги налути фановите на социјалните мрежи во Бразил. По избувнувањето на бесот и започнувањето на јавна дебата, тие ја испратија својата порака која потенцијално може да спаси животи.
Целиот трик беше креиран од од страна на агенцијата Tech, а спроведен за време на натпреварот помеѓу бразилските клубови Атлетико Паранаенсе и Атлетико Минеиро. Голманот Адербар дос Сантос Нето ги изненади навивачите кога го извади својот мобилен телефон непосредно пред почетокот на натпреварот, што веднаш ги збуни навивачите и бразилските медиуми.
Еден ден подоцна, откако беа упатени многу критики кон голманот, тој го открил штосот што Убер и Атлетико Паранаенсе заедно го спроведоа.
Сантос изјави: “Она што го направив на теренот е истото што и илјадници луѓе го прават во своите автомобили секој ден, но инволвираноста во сообраќајна несреќа е многу поопасно отколку примање на гол”.
Кампањата потенцира дека повеќе од 400.000 несреќи се случуваат секоја година на бразилските улици, а една од главните причини за оваа несреќна статистика се мобилните телефони.