На 21.11.2019 (четврток) во Рагуза360 во Скопје, со почеток од 09:00 часот ќе стартува конференцијата “200 жени претприемачки” која во организација на Касиа Евентс ќе се одржи трета година по ред.
На овој настан кој е посветен на жените што учествуваат во бизнисот или сакаат допрва да запливаат во претприемачките води, како презентери кои со нив ќе го споделат своето претприемничко искуство ќе се појаваат Валентина Тасев, Михаил Китановски, Марија Лозаноска, Сања Милосавлевиќ и Кристина Ерцеговиќ.
Картите по цена од 2,900 денари се веќе во продажба, а деталите за нивно обезбедување може да се видат на веб сајтот на конференцијата на ОВОЈ ЛИНК. Како покровители на настанот се јавуваат Пивара Скопје, Кроација Осигувување Живот, БАС Академија, Бела, Pageland и др.
Во склоп на настанот, за прв пат оваа година ќе се оддржи и изборот “Жена на Годината” кој ќе им оддаде признание на дамите кои со својата работа и ангажман во општеството, бизнисот, културата и спортот оставиле свој белег во годината што изминува.
Номинирањето во вкупно 10 категории веќе е отворено онлајн и трае до 15.11.2019, а сите што сакаат да номинираат, тоа може да го направат на следниов ЛИНК.
Критериумите за избор и предвидената динамика во однос на фазите за избор, може да се погледнат на официјалната веб страна на настанот: www.zenanagodinata.mk
Организатори на изборот “Жена на годината” се Маркетинг365 и Касиа Евентс.