Пријавете го своето најдобро видео и освојте награда од 1000 евра
Феставалот Golden Drum продолжува да ги поддржува талентираните индивидуалци на нивното патување кон успешна кариера, пренесувајќи им знаење и нудејќи им платформа каде што Young Drummers можат да развиваат критичко размислување, да стекнат увид во индустријата, да пронајдат инспирација и да го привлечат вниманието на искусните професионалци. Обновениот конкурс Young Drummers, со пријави отворени од 20 мај 2021 година, ги претставува и најновите промени.
За овогодинешниот натпревар, фестивалот е повторно во партнерство со Словенечката туристичка заедница, со цел да се предизвикаат младите креативци до 30 години на тема „Словенија, земја на активен одмор“. За прв пат, апликациите се достапни за учесници од целиот свет, а пријавите може да се достават најдоцна до 1 септември 2021 година. Котизацијата е 25 евра (данокот не е вклучен во цената).
Авторот на најдоброто видео или серија на видеа, ќе добие награда од 1000 евра и ќе има можност да се претстави себе си и победничкото видео на виртуелната сцена за време на фестивалската програма на 13 октомври 2021 година. Наградата ќе биде предадена во живо на онлајн церемонијата на доделување на наградите Golden Drum што ќе се одржи на 15 октомври 2021 година.
Young Drummers, време е да заблескате!
Целта на натпреварот е да се подигне свеста за Словенија како зелена дестинација со природна убавина, која нуди уникатни и активни искуства на отворено. Учесниците мора да имаат предвид дека креативните решенија првенствено ќе се користат на каналите на социјалните мрежи на „Feel Slovenia“, кои се насочени кон одредени групи. Конечните проекти ќе бидат доставени во форма на кратко видео или серија кратки видеа, што е уште една новина на натпреварувањето.
Пријавените проекти ќе ги оценува петчлена жири комисија со која ќе претседава Суви Лохде, извршна креативна директорка на SEK | Part of GREY од Финска. Неа ќе и се придружат Александар Доброкотов, креативен директор на DADA Agency и активист на социјалните мрежи од Русија, Ана Савшек, шеф на одделот за дигитален маркетинг на Словенечката туристичка заедница, од Словенија, Серхио Спакавенто, главен креативен директор и партнер во агенцијата Conversion E3 од Италија и Барбара Змрцликар, раководител на Одделот за истражување, развој, иновации и ЕУ-проекти на Словенечката туристичка заедница од Словенија.