“Обединетото Кралство, Германија и Франција остануваат на лидерските три позиции во однос на земјите каде се алоцираат најголеми буџети за online огласување“
02.12.2013
Според податоците кои во својот овогодишен Adex Benchmark извештај ги објави IAB Europe, Русија ја претрка Франција и се најде на четвртата позиција на земјите каде најмногу се вложува во online огласување, додека петтата и шестата позиција исто како и во 2011 ги задржуваат Холандија и Шпанија.
Топ 10 листата ја заокружуваат скандинавските земји Шведска, Норвешка и Данска.
Разликата од првиот на листата со десетиот е особено голема што укажува на фактот дека сеуште постојат големи разлики во развојот, прифатеноста и антиципирањето на овој медиум за огласување во поединечни региони во Европа. Како за илустрација, во Обединетото Кралство според пресметките се инвестирани нешто повеќе од 6,6 милијарди евра додека во десеторангираната Данска таа бројка е околу 600 милиони евра.
Во продолжение целата листа на топ 10 земји каде најмногу се вложува во online огласување !