Технолошкиот гигант Samsung се здружи со популарната корејска поп група BTS за да ја промовира својата корпоративна заложба за еколошка одржливост и да испрати важна порака за спас на планетата.
Видеото е инспирирано од страна на иконичниот музички спот на Боб Дилан за песната “Subterranean Homesick Blues”, при што гледаме како седумте членови на BTS, во стилот на американскиот фолк-рок музичар, вртат картонски знаци на кои се испишани еколошки пораки.
Додека се случува тоа, во позадина се менуваат снимки кои прикажуваат одредени еколошки катастрофи кои му нанесуваат штета на океанот. Но, на крајот, кога камерата одзумира, сите членови заедно испраќаат оптимистичка порака на заедничка акција за подобра иднина, по што екранот станува исполнет со зеленило и цвеќиња.
Спотот е создадена со помош на креативната агенција Ogilvy.