Генералниот извршен директор на Фејсбук, Марк Зукерберг, соопшти дека социјалната платформа ќе им овозможи на своите корисници да ги исклучуваат политичките реклами.
„Сите сакаат да видат одговорност од политичарите во однос на она што го зборуваат – и јас знам дека многу луѓе бараат од нас да модерираме и отстранува повеќе од нивните содржини. За оние кои веќе се одлучија дека сакаат претстојните избори [американските претседателски избори во ноември] да се завршат што поскоро – Ве слушаме, па затоа воведуваме опција да ги исклучите политичките реклами. Ние сепак ќе Ве потсетиме да гласате,“ напиша Зукерберг.
Имплементацијата на новата опција на Фејсбук ќе започне веќе од оваа недела, а ќе биде достапна за сите корисници во следните неколку недели. Корисниците ќе можат да ги исклучатсите реклами во однос на политички, општествени и изборни прашања кои потекнуваат од политички кандидати или организации со политички предзнак.
Зукерберг исто така соопшти дека Фејсбук ќе се потруди да ја подигне гласачката култура помеѓу своите корисници во пресрет на американските претседателски избори, создавајќи посебен Гласачко Информативен Центар, каде корисниците ќе можат да прочитаат релевантни и проверени инфромации за начинот на регистрација за гласање, рано гласање или гласање преку пошта.
Зукрберг се надева дека 160 милиони луѓе во САД ќе гледаат на Фејсбук како „авторитетен извор“ на информации за предизборниот и изборниот процес, додавајќи дека компанијата ќе продолжи да се бори против странското мешање на платформата преку следење и отстранување на „малициозни профили“.