Фејсбук објави дека нема да ја промени својата контроверзна политика на допуштање на политички реклами, но ќе им даде на своите корисници можност да гледаат помалку политички реклами, како и да имаат поголема контрола врз тоа кои реклами да ќе ги гледаат, а кои не.
Промените доаѓаат преку новата алатка која ќе им овозможи на корисниците да се исклучат од следење на теми кои не ги интересираат.
Промените се предвидени за првиот квартал на 2020 година, а корисниците ќе можат да ја видат посакуваната целна група за секоја реклама во политички, изборни или социјални кампањи.
Исто така, рекламите ќе можат да пребаруваат попрецизно, на пример преку точни фрази или филтри кои ја вклучуваат големината на публиката, како и датумите и регионите кон кои одредена кампања би требало да биде „насочена“.
Исто така, ќе биде возможно да се контролира кои реклами стигнуваат до одреден корисник преку листата „Custoom Audience“. Ова е листа со информации за корисници што им помага на огласувачите да се насочат кон конкретна публика.
Што е најважно, корисниците едноставно ќе можат да изберат да гледаат помалку политички реклами.
„Важноста на овие алатки е достигнување до клучна публика од широк спектар на невладини организации, непрофитни организации, политички групи и кампањи“, вели Роб Ледерн, менаџер на производи во компанијата Фејсбук, објаснувајќи зошто политичките реклами не се целосно исклучени или ограничени на оваа социјална мрежа.