По жешкиот почеток, новата социјална мрежа Threads на Мета брзо се лади. Според најновите податоци, ангажманот на корисниците со платформата паднал за дури 79%.
Според податоците на аналитичката компанија Similarweb, Threads сега бележи околу 576.000 активни дневни корисници – што претставува значителен пад од бројката на 2,3 милиони активни дневни корисници на почетокот на јули.
Исто така, просечното време кое корисниците го минуваа на платформата е намалено за три минути.
Покрај намалениот интерес кај корисниците, извештаите покажуваат дека фреквенцијата со која брендовите објавуваат на платформата е исто така значително опадната.
Дали Мета ќе успее да ја врати во живот новата платформа, останува да видиме. Од компанијата се надеваат дека тоа ќе го сторат со подобрувањето на функционалноста на платформата, континуирано најавувајќи го воведувањето на нови функции и алатки.
Но, имајќи предвид дека Threads е очигледен пандан на Твитер, се чини дека судбината на новата социјална платформа ќе биде тесно поврзана со успехот или неуспехот на Твитер и нивното скорешно ребрендирање во Х.