Јапонската компанија за е-трговија Rakuten ја зацврстува својата позицијата на американскиот пазар преку продолжување на соработката со НБА кошаркарската ѕвезда Стефен Кари, кој што повторно се најде во фокусот на новата рекламна кампања на брендот.
Кампањата ја промовира новата cashback опција на онлајн трговската платформа, а како главен „лајтмотиф“ на кампањата е земен препознатливиот славенички танц на Стеф Кари. Централниот спот на кампањата прикажува различни луѓе низ САД кои го користат танцот на Кари за да го прослават повратот на средства преку мобилната апликација на Rakuten.
Продлабочувањето на партнерството меѓу асот на Golden State Warriors и Rakuten се вкорени откако за прв пат Кари беше претставен како амбасадор на брендот во 2019 година. Соработката се смета за неопходна компонента на северноамериканскиот маркетинг на Rakuten, при што брендот во мај го продолжи и своето долгогодишно спонзорство на дресови со тимот на Golden State Warriors.
„Стефен и организацијата на Warriors беа критични за да ни помогнат да го изградиме присуството на нашиот бренд тука во САД. Со години обожавателите гледаат како Warriors ја доминираат конкуренцијата додека го носат името Rakuten како почесна значка. Секој фан на НБА е свесен за возбудата и забавата што Стефен ги носи на теренот со своите славенички танци откако ќе погоди уште една неверојатна тројка“ – истакнува Вики МекРеј, виша потпретседателка за бренд, креативност и комуникации во Rakuten.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Pereira O’Dell.