Инстаграм им овозможи на корисниците да филтрираат пораки и да се сокријат оние кои што содржат навредливи зборови, фрази, дури и емотикони.
Новото ажурирање првенствено се однесува на пораките кои што корисниците ги добиваат како директни пораки од оние што не ги следат. Во соопштението се посочува дека овој проблем се третира поинаку отколку што е случајот со насилните коментари, бидејќи пораките се дел од приватната комуникација.
Решението се фокусира на DM requests, кои содржат пораки од оние со кои корисниците не комуницираат и кои често содржат закани и навреди. Корисниците можат така да изберат автоматски да бидат скриени навредливите пораки, благодарение на што нема да мора да се соочуваат со закани и навреди кои доаѓаат од целосни странци.
Секое насилство негативно влијае на оние кои се мета на навреди, а корисниците можат да ја активираат новата функција во поставките за приватност и во делот Hidden Words. Опцијата може да биде персонализирана, така што заинтересираните можат да создадат свои листи на несакани зборови, а пораките што содржат несакани термини и фрази автоматски се испраќаат во скриен фолдер.
Инстаграм исто така ќе воведе уште една опција, благодарение на која корисниците нема да можат да контактираат со оние што претходно ги блокирале, дури и кога креираат нови профили.
Новите функции ќе пристигнат во избрани земји во следните неколку недели, а во наредните месеци и во сите делови од светот.