Националното туристичко биро на Мароко ја објави својата нова пост-пандемиска туристичка кампања насловена “Kingdom of Light” („Кралство на светлината“).
Кампањата се фокусира на шаренилото од бои и светлина на Кралството Мароко, славејќи ја неговата разноликост и богатство. Според описот на кампањата, „светлината во Мароко е неверојатен извор на инспирација за уметниците од минатото и денешницата, а исто така и извор на движење и енергија што ги инспирира сите сетила“.
Со оваа кампања, Мароко ќе се обиде да ги врати туристите од целиот свет во својата земја, откако глобалниот туристички сектор се најде во криза поради негативното влијание на корона-пандемијата.
Туристичката кампања е создадена со помош на креативната агенција BETC од Франција.