Пред некој ден наидовме на еден пригоден документарен филм од само 11 минути во продукција на Deutsche Welle кој во кратки црти го објаснува концептот на невромаркетингот.
Документарецот се осврнува врз историјата на невромаркетингот, неговите концепти, методи и резултати. Всушност објаснува како бизнисите ја користат потсвеста на луѓето за да ги поттикнат да купуваат повеќе производи.
Како што всушност се посочува и во самиот филм: „Компаниите нé познаваат подобро од нас самите“, односно: „Брендот не постои на друго место освен умот на потрошувачите“.
Погледнете: