Во пресрет на „Ноќта на вештерките“ (31 октомври), брендот за домашни миленици Mars Temptations лансираше краток анимиран хорор-филм за мачки, инспириран од бројните интернет видеа во кои мачки се плашат од краставици.
Филмот ја следи приказната на едно осамено маче во страшна куќа. Мачето наоѓа мистериозно клопче волна со кое сака да си игра. Меѓутоа, клопчето има друга идеја. Почнува само од себе да се тркала, а љубопитното маче го следи сé до кујната. Фрижидерот се отвора, мачето почнува пополека да чекори наназад, но тогаш удира во нешто. Се врти и го гледа својот најголем страв: краставицата.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Adam & Eve/DDB и продукциските студија Zombie Studio и Blinkink. Интересно е да се истакне дека рекламата наводно содржи и специфични фреквенции кои го привлекуаваат вниманието на мачките.