Колумна на Мариан Салзман, соптвеник на Havas PR и CEO на Havas PR U.S., првично објавена на PR News Online.
Во која било област, временски период од 40 години значи две генерации на промени. Во ПР-от, област која има силен развоен циклус уште од самиот почеток, четири децении значат не само обични промени, туку целосна ре-иновација. Тоа мене лично целосно ми одговара, бидејќи уживам да пловам по брановите на промени со кои се соочува оваа индустрија секојдневно.
Она што најдобриот ПР го прави е зајакнување на приказните на брендовите и комуницирање на начини со кои би била остварена поврзаност со целната група, без разлика на тоа дали брендот ја дефинира својата целна група како чисто потрошувачка, професионална или некако поинаку. Помислете што поврзаноста значела пред 40 години – ако не сте биле поврзани преку членување во некој друштвен клуб, некоја религиозна или професионална организација, или пак со домаќинства со кои сте имале иста телефонска линија, тогаш досегот на вашата поврзаност веројатно би бил лимитиран на членови на семејството, школски другари или работни колеги.
Скокнете 20 години подоцна, и дури тогаш поврзаноста беше ретка (и гласна), лимитирана на 2,400-baud модем и профил на America Online или Prodigy. Во овие изминати 20 години, сведоци сме на целосна трансформација. Нашиот свет е потресен од дигиталната кретивност и конективност, и ова никаде повеќе не е евидентно отколку во ПР просторот, каде иновациите станаа основна компонента на животот. Некои од овие иновации, како нативниот адвертајзинг, имаат мало “враќање кон иднината” чувство бидејќи се враќање кон она што беше нарекувано адверторијали или спонзорирани содржини според оригиналната терминологија.
Денешниот медиумскиот пејсаж се’ повеќе се менува поради овие иновации во конективноста. Започна со блогери, па прерасна во граѓански новинари, YouTube креатори и луѓе од секојдневието кои имаат повеќе следбеници отколку што некој можеше да сонува пред 40, па дури и пред 20 години. Враќајќи се наназад 20 години, ја имавме Моника Левински како што беше прикажана кај Мет Друџ; паметите, онлајн новинари како Друџ беа тие што ги променаа правилата на тоа кога и каде да се соопштуваат вести. Сега, аутлети како Business Insider и BuzzFeed може да го земат приматот на стари медиуми кои историски биле главните цели кон кои се стремеле ПР професионалците – редефинирајќи го самиот поим на медиуми од највисока категорија. А кога зборуваме за редефинирање: благодарение на Кардашијаните и други како нив, ние стекнавме чувство на екстремна удобност кога се во прашање совршените личности-промотори т.е. оние кои “се познати само поради тоа што се познати“.
Зборувајќи за Кардашијаните, доаѓеме и до еден друг новитет во ПР-от и брендирањето кој се издигна во минатата деценија – фокусот кон персоналното брендирање. Во 2016, ние не сме компаниски луѓе, туку се изнајмуваме на работодавците и градиме свој личен бренд за да си обезбедиме чувство на сопственост и интегритет. Ова е голема промена за изминативе 40 години – никој не се грижеше за брендот ЈАС се додека Стив Џобс не докажа дека тоа може да биде вин-вин опција. Погледнете наоколу – одржувањето и грижата за нашите лични брендови е на прво место насекаде.
Сега има навистина неверојатен развој во обликот на интензивно фокусирање на визуелноста и визуелното раскажување на приказни (Instagram, Pinterest, или пак Snapchat во последно време) и составувањето на инфографици. Snapchat е сегашност, и јас мислам дека 10-секундното видео раскажување на приказни ќе биде главна работа во времето кое следи. Сите тие ‘во живо’ и видео моменти се вредни за следење. Исто така, постојат еден куп нови жанрови кои се појавуваат во областа на мониторирањето и мерењето, како и во boosting и influencer маркетингот, каде никнуваат нови компании и нови понуди со моментум кој произлегува од статусот на “светкави-нови-работи.”
Најновата иновација која ја гледам на хоризонтот е обидот да се внесе доплнителна агилност и “реално време” во областа на созадавањето вести. Ние го живееме и дишиме тоа во мојата агенција, и мислам дека предначиме во тоа. Знаеме дека ПР-от е професија и услуга која е постојано “On”, и тоа е идеја која се наметнува сама по себе изминативе години.
Во ПР-от, за разлика од многу други индустрии, можностите произлегуваат од веењето на знамето на промената, прифаќајќи и препознавајќи дека хиерархиите на возраст и искуство се безначајни ако не правите нешто ново или иновативно во сегашноста.